Во Пробиштип почна изградбата на првиот Музеј на ретки минерали

by Fokus

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов, денеска во Пробиштип го означија почетокот на изградбата на првиот научен Музеј на ретки минерали во земјата.

Вкупната вредност на проектот е 9.2 милиони денари. Над 60 отсто или 5,6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој, а другите средства во износ од 3,6 милиони денари ги обезбеди општина Пробиштип.

-Изградбата на Музеј на ретки минерали во Пробиштип е најдобар начин природното богатство и традицијата да се стават во функција на развојот на регионот. Приоритет на Владата е развојот. Овој проект ќе започне да се гради по цели 6 години. Градиме со план, за да го интензивираме развојот и на општина Пробиштип и на Источниот плански регион, во кој што годинава само со средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа се финансираат 14 проекти за развој на регионот, на селата и на специфичните подрачја, во вкупна вредност од 49 милиони денари, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Министерот истакна дека овој проект е одличен пример како една добра добра идеја може да биде реализирана преку соработка меѓу централната и локалната власт, со заедничко финансисарење и со административната поддршка од Центарот за развој на Источниот плански регион.

Како што информира Министерството за локална самоуправа станува збор за нова атрактивна научно-туристичка содржина во Источниот плански регион која што ќе го привлече вниманието на посетители од земјава и од странство, со што регионот ќе ги промовира и ќе ги стави во функција своите развојни потенцијали.

Поврзани новости