Во прилепската касарна почнаа одбележувањата за Карпалак

by fokus

Владата, претставена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, во Прилеп, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ со положување цвеќе и оддавање почит го започна одбележувањето на 21-годишнина од загинувањето на десет армиски припадници кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година, информираат од Владата.

Советникот Василевски во име на Владата, во чест на споменот на армиските резервисти Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, вечерва положи цвеќе и на спомен обележјето во село Лениште и присуствуваше на вечерната богослужба во манастирот „Св. Петка“.

Чествувањето во спомен на загинатите бранители продолжува утре, на 8 август, со посета и оддавање почит на споменикот во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, како и во Прилеп, со положување цвеќе на нивните вечни почивалишта, со панихида во црквата „Света Петка“ и пред комплексот „Карпалак“.

Поврзани новости