Во препораките на МОН за безбедност во училиштатата прифатени се нашите предлози, велат средношколците

by Fokus

Сојузот на средношколци соопшти дека ја проследиле вчерашната прес-конференција на министерот за образование и наука Јетон Шаќири на која тој ги ги презентираше десетте препораки на Владата околу менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата, и дека се прифатени нивните пртедлози

„Констатиравме дека нашите четири предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од Министерството за образование и наука. Тие се преточени во деветтата и десеттата препорака на Владата“, соопшти Сојузот на средношколци.

Со овие препораки се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за стручните соработници со за да бидат отворени за ученици и доколку имаат потреба учениците да можат да закажат и средба со својот училиштен психолог.

МОН заедно со стручните соработници од основните и средните училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат ќе формира работна група која ќе креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците.

„Создавањето на протокол за дефинирање на новиот модел на работа на училишните психолози, односно истите да остваруваат тет-а-тет средби со учениците наместо да вршат административна работа е заложба на Сојузот на средношколци уште од мај 2021 година. Оттука, Сојузот позитивно реагира на одлуката за отпочнување на процес оваа наша визија да стане реалност“, соопшти Сојузот на средношколци.

Втората препорака на Владата предвидува создавање на општински совети за превенција на детско претстапништво преку локалните самоуправи и Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

„Во препораката јасно е наведено дека е потребно вклучување на Сојузот на средношколци во овие совети. Ние нотираме дека дел од општините тоа веќе го имаат направено, а истите вклучено претставници од Сојузот за членови во овие тела. Поради сите горенаведени причини, Сојузот на средношколци ги поздравува препораките на Владата“, соопшти Сојузот на средношколци.

Од Сојузот велат дека ќе продолжат активно да се вклучуваат во овие процеси.

„Сојузот ги става сите свои капацитети на располагање во насока на подобрување на состојбата со менталното здравје на младите и насилството во училиштата“ се вели во соопштението на Сојузот на средношколци.

Поврзани новости