Во предлогот за дистрибуција на акумулираната добивка, компанијата ќе го земе предвид повикот на Агенцијата за супервизија на осигурување

by Fokus

Агенцијата за супервизија на осигурување (AZN) на ден 31.03.2020 година испрати повик до осигурителните компании, во којшто препорачува, до 01.10. 2020 година  да не се исплатуваат дивиденди од акумулираната добивка и да не се преземаат неотповикливи обврски за исплати на дивиденди. Согласно повикот, Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на редовната годишна седница на Собранието на акционери на Заваровалница Триглав, ќе дадат предлог, акумулираната добивка со состојба од ден 31.12.2019 година, која што изнесува 60.543.475 евра, да остане нераспределена.

Заваровалница Триглав не ја менува својата политиката за дивиденди, која што на балансиран начин обезбедува финансиска стабилност на Групацијата Триглав, со спроведувањето на нејзината стратегија за раст и развој, како и исплата на атрактивни дивиденди на своите акционери. Но, го разбираме повикот од страна на регулаторот, којшто се грижи за финансиската стабилност на словенечкиот сектор на осигурување, особено сега, во услови на голема неизвесност поради ширење на пандемијата. Нивната препорака е во согласност со препораките и мерките на европските регулатори, односно органи (EIOPA и IAIS) за обезбедување на солвентност и адекватност на капиталот на осигурителните компании на подрачјето на Европската Унија.

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав е водечка словенечка компанија, која нуди класично осигурување и е матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и места за склучување на договори и со преку 660 претставници за осигурување низ цела Словенија. Понудата ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобилски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за слободно време и патувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.

 Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ веќе скоро 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг.

Поврзани новости