Во пожарот кај „Баба Цана“ изгоре и канцеларија на Министерството за финансии

by fokus

Во ресторанот „Баба Цана“ во Куманово, на плоштадот „Нова Југославија“ вчера околу 18.00 избувна пожар при што целосно изгорела кујната. Над ресторанот се наоѓаше канцеларијата на Министерството за финансии која била опфатена од огнените јазици и целосно опожарена.

Од полицијата велат дека во 19.55 часот интервенирала противпожарната единица во Куманово со што пожарот бил изгаснат. Се утврдуваат причините за настанување на пожарот, а дополнително ќе се утврдува и предизвиканата материјална штета.

Поврзани новости