Во пожар изгоре куќа во Скопје

by fokus

Во пожар во Скопје на улицата „Перо Наков“ целосно изгорелата куќата во сопственост на четириесет и шестгодишниот Е.Р., а во пожарот била зафатена и соседната куќа во сопственост на Т.Ѓ. (47).

Пожарот бил пријавен и во полиција во текот на вчерашниот ден во околу 20:20 часот.

„На 8 мај 2021 во 20:20 часот било пријавено дека во Скопје на ул. ‘Перо Наков’ настанал пожар, при што во целост била опожарена куќата на Е.Р.(46), а од куќата, сопственост на Т.Ѓ.(47), била изгорена кровната конструкција“, велат од МВР.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Повредени лица нема.

Поврзани новости