Во пожар изгоре куќа во Куманово

by fokus

Синоќа, околу 20.30 часот во Куманово изгорела куќа, а ќе се врши увид зошто настанал пожарот, велат од МВР.

„На 11.04.2019 во 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа сопственост на М.З на улица „Гоце Делчев“ во Куманово настанал пожар. Во пожарот куќата целосно изгорела. Во 22.00 часот екипа од Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости