Во пожар изгоре котларата на Општина Тетово

by fokus

Во пожар кој избувна околу 10 часот утрово, целосно изгоре котларницата во сопственост на Општина Тетово.

За еден час со интервенција на четири противпожарни возила и 9 пожарникари, огнената стихија била ставена под контрола.

Во пожарот нема повредени пожарникари ниту од вработаните во Општината. Направена е голема материјална штета чија висина дополнително ќе се утврдува, а се истражуваат и причините за пожарот.

Поврзани новости