429
Во пожар кој избувна околу 10 часот утрово, целосно изгоре котларницата во сопственост на Општина Тетово.
За еден час со интервенција на четири противпожарни возила и 9 пожарникари, огнената стихија била ставена под контрола.
Во пожарот нема повредени пожарникари ниту од вработаните во Општината. Направена е голема материјална штета чија висина дополнително ќе се утврдува, а се истражуваат и причините за пожарот.