Во последните 24 часа влегле 2.496 мигранти

by Фокус

Во последните 24 часа  издадени се потврди на вкупно 2.496 странски државјани, од кои 992 од машки и 460 од женски пол, како и на 1.033 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште на 11 деца кои патуваат без придружба, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија-1.152, потоа на 867 државјани на Авганистан и на 477 на државјаните на Ирак.

Поврзани новости