Во понеделник ќе се одлучува за амнестија на дел од обвинетите за 27 април

by fokus

На 17-ти декември, пратениците од Собранието ќе одлучуваат за амнестија на дел од обвинетите за насислтвата од 27-ми април минатата година во Парламентот, пренесува Телма.

Новиот закон што ќе го предложи Телото за помирување веројатно ќе опфати 40-тина од вкупно 70 лица кои се обвинети за насилните случувања на овој ден по различни основи.

Според очекувањата, Законот би требало да опфати 25 од вкупно 33 лица, кои се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок“, и 15 кои се обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службената должност“.

Овој закон нема да ги опфати седуммината осудени за обидот за убиство на Зијадин Села, 12-мината обвинети за кривично дело насилство, меѓу кои, напаѓачот на Радмила Шеќеринска, како и оние најзвучните имиња, што се гонат по командна одговорност.

Поврзани новости