Во поканата од НАТО во фус нота стои дека Турција нè признава како Република Македонија

by fokus 19:49
19:49

Генералниот секреатер на НАТО, Јенс Столтенберг утре на свечен настан и официјално ќе му ја врачи поканата за членство на Македонија во Алијансата на премиерот Зоран Заев.

Координаторот за НАТО, Сево Пендаровски во гостувањето на Топ тема на Телма откри дека во поканата ќе бидеме ословени како Поранешна Југословенска Република Македонија, но во фус нота ќе стои дека Република Турција ја признава земјата како Република Македонија.

- Advertisements -

 

Поврзани новости