Во Пекинг прв случај на корона по шест месеци

by fokus

Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен.

Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот.

Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин.

За последните 24 часа во Кина се регистрирани 49 нови случаи, додека 86 случаи беа регистрирани претходниот ден.

Поврзани новости