Во основно училиште со црн спреј биле испишани графити со недолична содржина

by Fokus

Во основно училиште со црн спреј биле испишани графити со недолична содржина, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 08,20 часот е пријавено дека во Основно училиште во населба Пинтија, на двете влезни врати од училиштето со црн спреј биле испишани графити со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости