Во оптек пуштени монети со ликот на кралот Чарлс III.

by Fokus

Во оптек се пуштени монети од 50 пени, со ликот на кралот Чарлс III.

Портретот на кралот Чарлс III првично ќе биде прикажан на монетите од 50 пени, додека на другата страна ќе и се оддаде почит на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Во текот на декември, вкупно 4,9 милиони монети од 50 пени ќе влезат во оптек низ 9.452 пошти и ќе бидат дистрибуирани со давање кусур на клиентите. Во наредниот период ќе влезат во оптек 9,6 милиони монети од 50 пени.

Постојните монети со ликот на кралицата Елизабета Втора ќе се заменат со текот на времето доколку се оштетат, како и во случај на потреба од дополнителна количина на монети.

Монетите се ковани во Лантрисант во Велс, а скулпторот Мартин Џенингс бил одговорен за ликот на кралот Чарлс. Тој го создал користејќи фотографии од кралот направени на неговиот 70-ти роденден.

Поврзани новости