Во општините со мнозинско албанско население слаба излезност за изборите

by Fokus

На втората прес-конференција на ДИК, за текот на гласањето за претседател до 13 часот, истакнаа дека гласањето тече мирно, и дека не е отворено само едно место во Студеничани, поради доцнењето од три часа.

До ДИК се пристигнати податоци од 75,57 отсто од избирачките места каде гласале 284.982 гласачи или 20,45 отсто од запишаните во Избирачкиот список.

Најголема излезност има во Прилеп 35,2 отсто, Новаци 33,12 отсто, Свети Николе 31,10 отсто, Неготино 21,02 отсто, Пробиштип 30,62 отсто, Ранковце 30,63 отсто, Демир Капија 32,75 отсто, Кратово и Вевчани.

Најмала излезност има во Липково 5,43 отсто, Желлино 6,62 отсто, Врапчиште 7,5 отсто.

Поврзани новости