Во окупираните делови на Украина почнаа референдуми за припојување кон Русија

by fokus

Во окупираните делови на Украина почнаа референдуми за присоединување кон Русија, пренесува АФП.

Набрзина организираните референдуми во окупираните делови на Украина ќе траат четири дена.

Прашањата на гласачкото ливче малку се разликуваат по регион.

Во Доњецката Народна Република, прашањето, кое се поставува само на руски, ќе гласи: „Дали сте за приклучување на ДНР кон Руската Федерација за правата на Руската Федерација“. Самопрогласената Народна Република Луганск ја користи истата фраза.

Во Керсон прашањето ќе биде: Дали сте за отцепување на Херсонската област од државата Украина, формирање на независна држава на Херсонската област и нејзино припојување кон Руската Федерација како дел од Руската Федерација?

А во окупираните делови на Запорожје прашањето е и на руски и на украински и гласи: „Дали гласате ЗА отцепување на Запорожје од Украина, формирање на Запорожје како независна држава и нејзино пристапување кон Руската Федерација како субјект на Руската Федерација?”

Поврзани новости