Во обид да ја преминат границата мигранти од Авганистан се удавиле во река

by Фокус

Три тела утрово се најдени во Сува река, а според првичните информации станува збор за мигранти во Авганистан. Полицијата, според МВР, го утврдила идентитетот на починатите и веројатно мигрантите се обиделе на диво да влезат на македонска територија, преку Сува река.

Според неофицијалните информации, во кампот во Идомени има околу 14.000 бегалци, а веќе една недела е блокиран нивнот влез во земјава, исто како што е затворена границата на север кон Србија.
Освен починатите мигранти, полицијата открила и други 20-тина бегалци кои исто така се обидувале да преминат преку граница по течението на реката.

Вакви несреќи не се исклучени да се случуваат со оглед дека бегалците со денови се блокирани на македонско- грчката граница. Многумина од нив ќе се одлучуваат преку диви премини да отпатуваат кон Западна Европа.

Поврзани новости