Во неколку српски градови почнуваат нови протести: „Не наседнувај, седни“

by fokus

Во неколку српски градови, Белград, Нови Сад, Врање и Чачак почнаа да се собираат граѓани, кои трет ден по ред излегуваат на улиците во знак на протест поради незадоволството од состојбата во државата и најавените нови мерки за спречување на коронавирусот.

Во Белград луѓето полека пристигнуваат пред српскиот Парламент. Некои седат на платото и држат пароли „Не наседнувај. Седни“. Сообраќајот и понатаму се одвива нормално, а некои граѓани им свират од автомобилите во знак на поддршка.

Неколку десетици граѓани се собраа на Плоштадот Слобода во Нови Сад, главно млади луѓе, кои носат различни транспаренти и знамиња, меѓу кои „Срам да ви е“, „За чии деца?“.

Граѓаните, како што беше вчера најавено, бараат оставка од директорот на полицијата Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, од шефот на државата Александар Вучиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

Едно од барањата е и распуштање на Кризниот штаб, како и финансиските средства кои се наманети за црквата да се пренасочат за медицинските работници.

Поврзани новости