Во Неготино трет случај на дете од градинка позитивно на Ковид-19!

by fokus

Дете на возраст од три години, кое посетувало градинка од Неготино е позитивно на корона вирус, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Преземени биле сите мерки, извршена дезинфекција, а 13 деца од истата група, како и две негувателки се во изолација.

Ова е трет случај на Ковид-19 во градинка во Неготино. Минатата недела беа регистрирани два случаи, кај деца на возраст од три и две години.

Исто така, денес помеѓу новорегистрираните позитивни лица во градот , има и 17-годишен ракометар.

-Вкупно четири лица се регистрирани како позитивни на Ковид-19 од Неготино денес, на возраст од три до 52 години. Во Кавадарци имаме три случаи, на возраст од 34 до 81 година, а во Демир Капија едно лице на возраст од 31 година – велат од центарот.

Се утврдуваат контактите на новите пациенти.

В.К.

Поврзани новости