Во Милано се отвора прва биолошка банка за развој за лекување корона

by Fokus

Миланскиот универзитет и болницата „Фатебенефратели Сако“ започнаа проект наречен „Биолошка банка“, кој опфаќа собирање и складирање на сите биолошки примероци, крв и ткиво, кои се поврзани со коронавирусот, што претставува можност за студирање и развој на стратегија за дијагностика и терапија, вклучително и вакцина.

Банката БПМ донираше 800.000 евра за отворање на лабораторијата и за зголемување на течниот кислород за болницата Сако, пренесува АНСА.

Планирана е изградба на простор за земање мостри, дел за Биобанка од околу 170 квадратни метри, каде ќе се чуваат до 18 криогени садови, просторија за замрзнување каде ќе се чува материјал, дел со технолошки средства за Биобанка, како и дел за чување на азот.

Поврзани новости