Во Куманово се уште тензична атмосфера, дел од повредените во животна опасност на скопските клиники

by Фокус

Иако, веќе се објавува дека престрелката во Куманово е завршена, сепак неофицијални информации од терен говорат дека се уште се слушаат истрели, пукотници, бомби, горат основните училишта Вук Караџиќ и Наим Фрашери, а најинтензивни пукотници можеле да се слушнат околу седум часот.

Според досегашните информации, тројца припадници на безбедносните сили загинале во престрелката во Куманово, а официјалната потврда дојде од нивните семејства. Се уште се чека прес-конференција во Министерството за внатрешни работи, каде треба да се соопштат официјалните информации.

Драматична е и состојбата на скопските клиники. Повредените припадници на безбедносните сили се пренесени на скопските клиники за абдоменална хирургија, неврохирургија и КАРИЛ, каде што им се извршени итни операции. Дел од нив се уште се во животна опасност, а денеска во текот на денот, повеќето од лекарите беа мобилизирани на работa.

Она што е најчудно, во целата ситуација е тоа што ниту една од надлежните институции, министерството за внатрешни работи и министерството за здравство не излегоа со официјални потврди за бројката на повредени и загинати.

Поврзани новости