Во ковид центрите во Скопје се лекуват 279 пациенти со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство, од каде појаснуват дека вкупно 279 лица сомнителни и потврдени случаи на КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 159 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението.

Поврзани новости