Во ковид центрите во Скопје има 25 нови пациенти, се лекуваат вкупно 263 сомнителни на ковид

by Fokus

Во ковид центрите во Скопје во изминативе 24 часа се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти и седум на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.

–Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, соопшти Министерството.

Од таму посочуваат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

–Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 63 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Поврзани новости