Во конкуренција на 25.000 деца сите наши претставници на „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоки награди

by fokus 11:55
11:55

Во конкуренција со 25.000 деца од 45 земји во светот, сите наши претставници на најголемиот интернационален детски натпревар „Бреинобреин фест 2021“ се стекнаа со највисоките награди во своите категории според возраст и ниво.

– Од 188 дечиња што учествуваа од 10 градови од државата, Скопје, Охрид, Кочани, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово и Струмица, сите освоија награди и тоа во следните категории: 25 трофеи и 62 златни медали и 96 сребрени медали и сертификати, наведоа од „Бреинобреин Македонија“.

- Advertisements -

Бреинобреин програмата е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата на возраст од 4 до 14 години. Програмата има две основни цели: целосен развој на мозокот (со користење на Абакус Ментална Аритметика и ВАК методи) и развој на личноста (со помош на НЛП техники).

Поврзани новости