Во Кочани е активен крак од пожарот и може повторно да се разгори

by Fokus

Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Во Кочани, како што посочи, нема опасност по градот, но пожарот се уште не е изгаснат.

– Цело утро, двата хеликоптери гаснеа, се уште еден крак е активен и тоа до вечер може повторно да стане катастрофа, да отиде во сите можни насоки, бидејќи ако во Скопје дува ветер, во Источна Македонија дува малку повеќе, рече Ангелов.

Поврзани новости