Во кичевската болница еден пациент суспектен на мајмунски сипаници

by fokus

На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, велат денеска од Министерството за здравство.

-Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница, станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во моментов, како што посочуваат, се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај со мајмунски сипаници, информираат од Министерството.

Поврзани новости