Во Кавадарци и Неготино ВМРО ДПМНЕ освоило повеќе гласови од СДСМ, велат од партијата

by Fokus

Додека се очекуваат официјалните резултати од страна на Државна изборна комисија, чија веб-страница не функционира од синоќа, од ВМРО ДПМНЕ Кавадарци, според нивни пресметки, велат дека освоиле повеќе гласови од СДСМ во Тиквешијата.

Како што изјави Зоран Јованчев, кандидат за пратеник и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци, според нивни пресметки, партијата освоила 9.101 глас. Зад ВМРО ДПМНЕ, со 8.451 глас е СДСМ, Левица со 846, Интегра со 444, ГДУ 137, Глас за Македонија 86, Единствена Македонија 80, Демократи 75, Македонски концепт 47, ДУИ 26 и Алијанса на Албанците 16 гласа. 800 ливчиња биле неважечки, соопшти Јованчев.

Според информации од штабот на ВМРО ДПМНЕ, и во Неготино имале предност од 80 гласа. Последните неофицијални резултати за гласањето во Неготино според нив се 6.546 гласа за ВМРО ДПМНЕ, 5.506 за СДСМ, 341 КПП Трет блок, 255 ВМРО за Македонија, Левица 92, ЛП 46, ДУИ 30 гласа.

Синоќа, набргу по завршувањето на гласањето, откако на социјалните мрежи започнаа да се објавуваат неофицијални резултати, од ВМРО ДПМНЕ Неготино, започнаа да слават. На балконот на партискиот штаб во центарот на градот десетици активисти извикуваа ВМРО ДПМНЕ и свиреа со воздушни сирени. Славењето на ВМРО ДПМНЕ траеше кратко, и поддржувачите се повлекоа за помалку од половина час.

Потоа, низ градот започнаа со вклучени сирени да се движат возила на симпатизери на СДСМ, кои исто така славеа победа. На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои партиските членови позираа во локални кафулиња, прогласувајќи победа. Од ДИК најавија резултати напладне, бидејќи рачно се проверувале записниците.

Вики Клинчарова

Поврзани новости