Во калифорниските пожари изгоре и куќата на шкотскиот актер Џерард Батлер

by fokus

Шкотскиот глумец Џерард Батлер, кој живее во Калифорнија, на Твитер сподели слика од својата куќа во Малибу, којашто целосно изгоре во пожар.

– Се вратив дома во Малибу по евакуацијата. Тежок период е ова за овој дел од Калифорнија. Инспириран сум од храброста и пожртвуваноста на пожарникарите. Ви благодарам. Пожртвуваноста на тие мажи и жени ја заслужуваат сета наша поддршка. напиша глумецот под фотографијата.

Батлер не е единствената холивудска ѕвезда што претрпе штета во пожарите во Калифорнија. Претходно и режисерот Скот Дериксон ја покажа својата куќа во пламен.

Поврзани новости