Во кафеана во тетовско Здуње правеле свадба со 70 гости

by fokus

Полицијата поднесе кривична пријава против сопственик на кафеана во тетовското село Здуње, бидејќи и покрај забраната, била организирана семејна веселба.

-Синоќа во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во село Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба.

Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид, информираат од МВР.

Полицијата против лицето Џ.Б.(59) од Гостивар ќе поднесе пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Поврзани новости