Во Јемен од почетокот на годината пријавени се 120.000 случаи на колера

by fokus

Речиси 120.000 можни случаи на колера се пријавени од јануари до средината на месецот во Јемен и се пријавуваат се повеќе нови случаи, соопштија Обединети нации.

– Иако бројката од 120.000 заболени е помала во споредба со истиот период од 2017 година, последните недели расте бројот на заразени од колера и се зголемува загриженоста дека можен е трет бран епидемија, а дождот што паѓа го зголемува ризикот, истакна портпаролот на ОН, Стефам Дижарик.

Тој наведе дека од април 2017 година досега пријавени се 1,1 милиони случаи за кои постои сомневање дека е колера, а 2.310 луѓе починаа од болеста во Јемен.

– Ова епидемија е најсериозна некогаш забележана и хуманитарните организиции, парнтери на ОН вакцинираа речиси 400.000 луѓе против колера во областите со голем ризик Ходеида и Иб, се цел да се спречи враќање на епидемијата, посочи Дижарик.

Поврзани новости