Во израелските напади во Газа загинаа 52 лица

by Fokus

Цивилната одбрана во Газа денеска, презентирајќи го новиот биланс, соопшти дека најмалку 52 лица загинале во нападите на израелската армија, која ја интензивирала офанзивата на палестинската територија зафатена од војна.

Претходно беше соопштено дека во израелските напади синоќа и утринава загинаа 22 лица.

„Израелското бомбардирање на Газа продолжи од полноќ и траеше во првите часови пред пладне, а во него загинаа 52 лица“, изјави за AFP портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.

Тој рече дека бомбардирањето продолжило во текот на попладневните часови и дека израелските сили ја прошириле копнената операција.

Повеќето израелски напади беа околу градот Кан Јунис, на југот од опколената палестинска територија, а особено околу болницата Насер, чија зграда беше тешко оштетена.

Во северниот дел на Појасот Газа загинаа неколку лица, од кои две во напад со дрон врз шатор раселени од војната, а израелските сили убија неколку лица во дворот на индонезиската болница на северот на Газа.

Индонезиската болница во Беит Лахиа, на север, веќе неколку дена е опколена од израелската армија, која тврди дека, како и другите цивилни згради, во воени цели ја користи палестинското движење Хамас, што движењето го негира.

Војната започна напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, при што загинаа 1.218 луѓе на израелска страна, главно цивили, и киднапирани 251 лице, од кои 57 се уште се во Газа, но израелската војска вели дека 34 од нив се мртви.

Во израелските напади загинаа 53.339 луѓе во Појасот Газа, главно цивили, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство на Хамас, кои ОН ги сметаат за сигурни.

Поврзани новости