Во изминатите 24 часа петмина пациенти ја изгубија битката со корона вирусот

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 807 заразени од Ковид-19, но и петмина пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот.

-Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани се и 314 оздравени пациенти од:
Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.

Поврзани новости