Во Италија од коронавирус во изминатите 24 часа починаа 71 лице, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Во осум од 20 италијански региони вчера не е забележан ниту еден нов случај на коронавирус. Бројот на заболени е зголемен на 321 лице во однос на претходниот ден кога имало 318.

Од почеток на пандемијата во Италија починаа 33.601 лице што според бројот оваа земја ја става веднаш зад САД и Велика Британија.

Бројот на заразени лица со коронавирус е 233.836 што е најмногу веднаш по САД, Бразил, Русија, Шпанија и Велика Британија.