Во ИСИС активно се борат 15 македонски државјани

by fokus

Безбедносната ситуација е мирна и нема терористички закани за Македонија. Можностите од такво загрозување постојат како и секаде, но нема индикатори во моментов за таква закана, проценуваат  безбедносните служби во земјава, објави НОВА ТВ.

Истите извори објаснуваат дека Македонија се согласила на репатријација на седумтемина нејзини државјани кои се бореа во Сирија и Ирак за да има контрола врз нив. Одбивањето значи да се нема контрола врз овие луѓе кои можат да избегаат или да бидат пуштени од заробеништво, а потоа некој може и да се врати дома, коментираат безбедносни експерти.

Во моментов на страната на ИСИС има околу 15 активни борци од Македонија. Неофицијално, вкупниот број на лица кои заминале во Сирија, се вратиле, биле логистика, идеолози или загинале е 156. Од нив повратници се  83. Во затвор во Турција има три лица, во македонските затвори 23, а 57 се на слобода. На боиштата за Исламската држава загинале 35 македонски државјани. На боиштата во Сирија заминале и 9 жени од Македонија кои таму родиле и деца.

Поврзани новости