Во хотел во Скопје пронајден мртов маж со траги од крв и метадон

by Fokus

Во хотел во Скопје е пронајден мртов маж со траги од крв и метадон, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 20,00 часот од страна на итна медицинска помош било пријавено дека во просториите на хотел кој се наоѓа позади поликлиника “Бит пазар“ во Скопје, во хотелска соба е пронајдено починато машко лице, легнато на подот со траги од крв и метадон. По кажување на вработените во хотелот, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало на 15.01.2018 година и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Поврзани новости