Во Грција потврдени вкупно 26 случаи на новиот вид на Ковид-19

by Fokus

Два нови случаи на новиот вид на Ковид-19, се откриени во Грција, според грчките медиуми, а потврдени се вкупно 26 случаи на мутираниот вид на корона вирусот откриен во Велика Британија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на телевизијата „Open“, од 26 случаи, 24 се „увезени“, односно потврдени кај патници кои пристигнале од странство, додека пак новите два се во Атина и на островот Крит, а заразените се во карантин.

Весникот „Та неа“ коментира дека она што предизвикува загриженост кај епидемиолозите е фактот што новите два случаи биле откриени меѓу граѓаните, а не на аеродромите, како што беше случај со претходните 24.

Поврзани новости