Во Грција на одмор со вакцина, грчкиот министер за туризам со деталите

by Fokus

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис во интервју за Прототема ги соопшти правилата за патување за време на пандемија под нови околности создадени од вакцината против Ковид-19. Министерот рече дека ќе има две категории патници – оние кои биле вакцинирани и тие кои не се. Имено вакцинираните повеќе нема да треба да бидат тестирани или ставани во карантин туку по пристигнување само ќе треба да покажат документ за вакцинација.

Теохарис вели дека сертификатот во дигитална форма може да го побара секој орган, национален или друг, но додаде дека нема детали како ќе се издава и како ќе се признава меѓу земјите затоа што тоа се уште се договара на ниво на Европската УНија..

Сепак, за оние кои не се вакцинирани, ќе има проширени алатки за гранична контрола, а мерките ќе зависат од текот на вакцинацијата по земја, но и од текот на болеста кај секоја од нив.

Оваа вест ги израдува Србите но во оваа земја вакцинацијата веќе е почната. Кај нас првите вакцини ќе стасаат на почетокот на следниот месец, а пристигнуваат само малку дози кои првенствено ќе бидат за специфични категории граѓани. Министерството за здравство најавува годинава 800.000 вакцини, но тоа сепак е за до крајот на годината. Колку луѓе ќе се вакцинираат до мај или јуни останува да се види.

Поврзани новости