Во гостиварскиот регион најголема излезност има во Гостивар 10 проценти, најмала во Маврово и Ростуше 3,5 отсто

by fokus

Според последните податоци до 11 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 10.129 граѓани. Најголем одзив има во Општина Гостивар, каде од вкупниот број избирачи 79,945 гласале 7,997, што е приближна излезност од 10,00 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во Општина Врапчиште на гласање излегле 1.781 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста достигнува 6,87 отсто.

Во најмалубројната општина која од оваа година е во ИЕ5 Маврово и Ростуше на гласање излегле 351 од вкупно 9,996 избрачи што е приближно 3,51 отсто.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес. МИА

Поврзани новости