Во Гостивар утринава воздухот е алармантно загаден

by fokus

Во Гостивар утринава е измерена рекордна загаденост на воздухот, односно мерната станица покажува загадување од неверојатни 983 µg/m3, додека дозволени се 50 ПМ честички. Вредностите на штетните честички почнале да се зголемуваат во два часот по полноќ.

Голема е загаденоста покажуваат и мерните станици во Скопје, особено кај Ректоратот со концентрација на ПМ честички од дури 367 µg/m3. Во Лисиче пак се измерени 140 µg/m3, а во Центар се измерени високи 122 µg/m3.

Поврзани новости