Во Гевгелија откриен бегалец кој се заразил со „морбили“

by Фокус

Тригодишно девојче од Авганистан е заразено со морбили, информираа од епидемиолошката служба од Општата болница во Гевгелија.

При редовниот увид во Прифатно транзитниот центар Гевгелија дијагностициран е еден случај на заразно заболување „морбили“ по претходна пријава од лекарскиот тим кој дежура во бегалскиот камп.

Од страна на епидемиолозите и инфектолозите, лекарскиот тим во ПТЦ Гевгелија доби насоки за понатамошни постапувања и превенција од појава на ширење на заразното заболување

Поврзани новости