Во Германија се спрема „мега локдаун”

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска на состанокот со челниците на сојузните влади, ќе донесе нов пакет против коронавирусот. Ќе бидат построги мерки од сегашните, а некои овие мерки ги нарекуваат „мега локдаун“.

Германија од ноември се наоѓа во некој вид „локдаун“ кој требаше да трае чтири недели, и да заврши пред божиќните празници. Во земјата во меѓувреме се затворија училиштата, трговските центри, продавниците кои не продаваат основни намирници, барови, ресторани, објекти за културни манифестации. На сила е и мерка според која едно домаќинство може да посети само една личност надвор од тој круг.

Во областите каде што има повеќе од 200 новозаболени на 100.000 жители, во 7 дена не е дозволено напуштање на домовите подалеку од 15 километри.

Стручњаците како и политичкиот врв смета дека мерките треба да бидат построги, затоа што во последно време се рушат рекорди, а секојдневно умираат повеќе од 1.000 лица.

Како што пишува „Алгемане Цајтунг“, Меркел ќе бара училиштата ќе останат затворени, задолжителна работа од дома, задоложително носење на медицински или маски ФФП2 во јавност, па дури и полициски час. Мерките би требало да траат до 15. февруари.

На сила би останала мерката по која смеат да се дружат само членови на исто семејство, додека на гости смее да им дојде само по еден член од друга фамилија.

Идејата на Германија е по секоја цена да избегне нов пораст на заразата, предизвикан од новиот сој на коронавирусот, кој беше пронајден на некои места во Германија.

Министерот за здравство Јен Шпан рече дека постојат индикации за пад на новозаразените, но дека и натаму е далеку државата од ублажување на мерките.

Поврзани новости