Во Франција трет ден по ред над 10.000 новозаболени од Ковид-19

by Fokus

Француските здравствени власти соопштија дека вчера се потврдени 12.532 новозаболени лица со Ковид-19. Тоа е трет ден по ред како бројот на новозаразени лица е над 10.000.

Вчера регистрирани се и пет смртни случаи, со што вкупниот број на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 111.472.

Зголемувањето на бројот на инфицирани луѓе пред се е поради делта сојот. Во Франција од почетокот на пандемијата се заразиле над 5,87 милиони луѓе.

На одделенијата за интензивна нега во Франција хоспитализирани се 891 пациент. ми/

Поврзани новости