Во Франција се убиени тројца полицајци обидувајќи се да спасат жена од семејно насилство

by Fokus

Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет утрово откако излегле на терен по повик да спасат жена од семејно насилство.

Полицајците се застрелани во инцидент во централна Франција, а според новинската агенција Франс прес (АФП), сторителот е идентификуван како 48-годишен маж.

Според информациите од француското обвинителство кои ги пренесуваат медиумите, жената е спасена и безбедна, а засега не е познато дали е уапсен убиецот. Наводно, тој и во минатото го привлекувал внимание врз себе поради инциденти околу спор за старателство на децата што го имал.

Поврзани новости