Во Франција нови 561 смртни случаи во последните 24 часа

by Fokus

Во Франција во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа 561 лице, со што вкупниот број смртни случаи изнесува 14.393 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

Во француските болници во моментот се лекуваат 31.826 пациенти заразени со корона вирус. Денеска се примени 1.688 нови пациенти.

Вечерва, 6.845 пациенти, кои се сметаат како сериозни случаи, се згрижени на интензивна нега.

Четврти ден по ред, бројот на пациенти на интензивна нега забележа намалување.

Од почетокот на епидемијата, во Франција се регистрирани 95.403 позитивни случаи, од кои  37.187 во домовите за стари лица и други медицинско-социјални установи.

Поврзани новости