Во двор од семејна куќа пронашол артилериска граната од Прва светска војна

by Fokus

Вчера утрото жител на с. Лажел пријавил дека пронашол неексплодирана артилериска граната од Прва светска војна.

„На 23.03.2019 година во 08,35 часот во СВР-Битола, Л.А. од с.Лажел, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости