Во Дњепар се трага по уште 25 лица

by Fokus

Украинската служба за итни случаи соопшти дека 25 лица сè уште се водат како исчезнати по ракетниот напад на станбен блок во Дњепар викендов, во кој загинаа најмалку 40 лица, меѓу кои три деца.

Досега се спасени 39 лица, меѓу кои и шест деца. Повредени се 79 лица, меѓу кои 16 деца.

Вкупно 47 лица се пријавени за исчезнати, од кои 18 се пронајдени мртви, четворица се живи кај роднини или во болници, а по уште 25 се трага.

Поврзани новости