Во декември ќе бидат пуштени банкноти од 200 и 2.000 денари

by fokus 14:43
14:43

Од 15 декември годинава ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе бидат повлечени од оптек банкнотите од 5.000 денари.

НБРМ соопшти дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.

- Advertisements -

-Постоечката апоенска структура на книжните пари што се во оптек од 8 септември 1996 година до денес нема претрпено промени и воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена којашто се спроведува по период од 20 години. Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и анализи на сите постоечки фактори, при што се утврди дека постојат реални потреби за воведување на двата нови апоена. Воведувањето ќе овозможи зголемување на понудата на апоените што се на располагање при вршење готовински трансакции, а како секундарен ефект се очекува урамнотежување на побарувачката за одредени деноминации, појаснуваат од НБРМ.

Поврзани новости