Во бурата „Глорија“ во Шпанија загинаа 11 лица

by fokus

Најмалку 11 лица загинаа, а петмина се сметаат за исчезнати во силната бура која ја зафати Шпанија.

По извештаите за исчезнати лица во североисточна Каталонија и на Балеарските Острови, властите стравуваат дека бројот на смртни случаи може да се зголеми.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска посети некои од најтешко погодените подрачја и се сретна со спасувачките тимови на теренот. Тој најави одобрување држави средства за пет региони, кои се најмногу погодени од бурата.

„Глорија“ траеше пет дена, проследена со силен ветер, снег и град, а најголемото невреме беше вчера.

Поврзани новости