Во Буџетот тековните трошоци реализирани со 65,18 отсто, капиталните инвестиции со 28,16 отсто

by fokus 18:17
18:17

Вкупните приходи во Буџетот за годинава заклучно со август се реализирани во износ од 130.323 милиони денари, односно 61,81 отсто, додека расходите во износ од 138.351 милиони денари или 60,97 проценти, покажуваат објавените податоци на Министерството за финансии.

Според податоците, на приходната страна даночните приходи и придонеси изнесуваат 115.695 милиони денари и имаат реализација од 62,81 отсто. Даночните приходи изнесуваат 74.658 милиони денари. Меѓу нив, најголем дел 50.370 денари бруто ДДВ, односно 33.327 милиони денари ДДВ нето приход. Приходите од данокот на добивка изнесуваат 8.329 милиони денари, а персоналниот данок на доход 11.729 милиони денари. Од акцизи се прибрани приходи во износ од 16.993 милиони денари. Заклучно со 31 август прибрани се придонеси во износ од 40.003 милиони денари.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

На расходната страна на тековни трошоци отпаѓаат 132.038 милиони денари и реализирани се со 65,18 отсто. За плати и надоместоци биле одвоени 18.284 милиони денари, за стоки и услуги 10.179 милиони денари, каде реализацијата е 51,82 отсто.

Социјалните трансфери во овој период изнесуваат 71.505 милиони денари, а капиталните трошоци или инвестиции се во износ од 7.313 милиони денари каде реализацијата за осум месеци е 28,16 отсто.

Најмногу од капиталните инвестиции се реализирани во мај кога изнесувале 1.015 милиони денари, во јуни биле  1.711 милиони денари, 1.084 милиони денари во јули и 950 милиони денари во август годинава.

Поврзани новости